Судејќи според хороскопот некои знаци се навистина родени под среќна ѕвезда, додека други се нивна целосна спротивност.
Сајтот CareerBuilder.com направи студија во која учествуваа околу 9.000 луѓе.
Идејата била да видат дали хороскопскиот знак има врска во деловниот успех и финансиската состојба.
Резултатите дале интересни податоци.
Се покажало дека среќата во парите ги следи Шкорпијата, Лавот и Бикот. Според истражувањето тие најчесто заработуваат повеќе од 100.000 долари на годишно ниво.
Но, забележале дека постојат хороскопски знаци кои се целосна спротивност на наведените. Станува збор за Јарецот и Водолијата кои покажале дека најмногу се мачат да врзат крај со крај и најчесто заработуваат под 35.000 долари на годишно ниво.