Прочитајте што треба да знаете за вашиот партнер според неговиот хороскопски знак…
ОВЕН
Кога сте во врска со Овен, секогаш треба да воведувате новини и врската да ја држите активна бидејќи на Овенот се брзо му станува здодевно. Тој не сака да ги слуша приказните кои веќе сте ги раскажале.
БИК
Биковите се страствени и лојални, и не очекуваат ништо помалку. Подржувајте ги неговите соништа и планови, покажете му дека сте секогаш на негова страна. Постојано бакнувајте и гушкајте го и секако слушајте го кога ви раскажува и се ќе биде ок.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците себе се доживуваат како херои, така да секогаш потенцирајте дека е храбар и ќе мисли дека сте неговата сродна душа. Тие имаат потреба за независност, така што дајте му слободно време и бидете му добра пријателка.
РАК
Раковите не сакаат нападни дами, па ако сте во врска со Рак обидете се да бидете симпатична и нежна. Исто така пријатно ќе го изненадите ако му испечете некој домашен колач бидејќи Ракот е домаќин човек.
ЛАВ
Лавот се вљубува во дама која искрено го подржува и несебично го прифаќа онаков каков што е. Секогаш морате да знаете што нему му е важно и да му покажете дека му се воодушевувате. Лавот сака да се грижи за својата сакана, а ако притоа го фалите ќе биде бескрајно задоволен.
ДЕВИЦА
Тој ќе остане со вас ако му дадете до знаење дека вие потребен. Прашувајте го за совети и секогаш кажувајте му дека токму неговиот совет ви помогнал во решавање на проблемот. Тоа ќе направи да се чувствува како вистински маж.
ВАГА
Вагата сака вистински партнер, а не само привезок. Бидете негова најдобра пријателка, подржувајте го и пред се уживајте во неговите приказни. Но и своите рзмислувања делете ги со него.
ШКОРПИЈА
На Шкорпијата и е потребно повеќе време за да се отвори и да се вљуби, но потоа е целосно лојален. Немојте да го лажете, тој сака покрај вас да се чувствува сигурно.
СТЕРЛЕЦ
На Стрелците им треба многу независност во врската. Доколку без љубомора му дадете слобода и се подготвите за забава ќе добиете вистински партнер со кој ќе доживеете возбудлива љубов.
ЈАРЕЦ
Бидете искрена и дозволете му да ви верува. Тоа што ќе ви го каже во доверба немојте да го прекажувате. Тој од вас очекува константна поддршка и охрабрување.
ВОДОЛИЈА
Секогаш мора да му дадете малку личен простор. Немојте да го гушите со прашања од типот “дали ме сакаш“. За да добиете љубов од Водолија морате прво да ја дадете.
РИБИ
Рибите се чувствителни, па затоа избегнете го критикувањето. Ако имате поинакво мислење од него не го напаѓајте туку покажете го на нежен начин. Рибите се многу романтични, па од врската бараат нишка на романтика.