Категории

Видео: Неоткриен талент од Македонска Каменица – млад тамбураџија свири волшебно

Васко Симоновски е талентираното момче од рударското гратче Македонска Каменица кое одлично свири на народен инструмент-Тамбура. Роден е во соседниот град Делчево на 14 јануари 1995 година. Дваесет годишното момче своите афинитети за свирење на народни инструменти ги пројавил уште од мали нозе, на само 5 години кадешто прво се запознал со Ќемането кое што на еден начин претставува традиционален инструмент во неговата фамилија и додава дека истото е изработено од страна на неговиот дедо Киро Симоновски.

Тамбурата ја здогледува на 10 годишна возраст којашто прво ја поседувала неговата баба Лефка Симоновска, а воедно сподели и дека со тамбурата се дружи веќе 15 години. Васко раскажува и дека неговата баба и дедо исто така се одлични свирачи на народни инструменти и додава дека љубовта кон музиката не е стекната, туку вродена. Освен што има добар слух и знае да отсвири стара и добра народна македонска песна, исто така ова момче знае истите и да ги испее, а воедно со гордост вели дека не се срами што сака да свири и пее таков вид на музика, што реално во денешно време е реткост кај младата популација.

Инаку, Симоновски студира на Универзитетот „Гоце делчев“ во Штип на факултетот за медицински науки и е втора година. 

Прегледи:
1473
Категории:
Видео · Музика
Објавено на:
09.02.2016