На 8 февруари 2016 година стапуваше кинеската Нова година, при што во хороскопот таа е заведена како година на Огнениот мајмун, верување според кое животното и ги дава карактеристиките на годината што следува.
Во кинескиот календар постојат 5 елементи директно поврзани со секој знак – во 2016 доминантен елемент е огнот, а со него оди црвената боја. Затоа, ова е годината на црвениот огнен Мајмун
Според кинескиот хороскоп, 2016 година ќе помине во знакот на црвениот огнен Мајмун, а тие луѓе ги карактеризира енергија, весели се, енергични, мудри и умни. Квалитетите што ги опишуваат мајмуните се и: доверба, харизма, лојалност, генијалност и чувство за лидерство. Нивните слабости се: егоизам, ароганција, итрина и немир.
Според кинескиот хороскоп, годината на Мајмунот (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004) почна вчера (8 февруари) и ќе трае се’ до 27 јануари 2017.
Инаку, Мајмунот е деветтиот знак од кинескиот Зодијак. Бројот 9 се поврзува со амбиција и активност, а луѓето родени под овој знак се интелигентни и амбициозни. Сакаат предизвици и даваат се’ од себе за да се справат со секоја задача.
На Мајмуните им е многу важно да се секогаш први во се’, и тоа го поврзуваат со вештина. Родените во знакот на Мајмун се флексибилни и лесно приспособливи. Како партнери се верни и уживаат во среќен семеен живот.
Негативните карактеристики им се егоизам и ароганција, а понекогаш се и доста љубоморни. Очекуваат сите околу нив да даваат 100% во секој поглед, па затоа често имаат проблеми на работа.
Комбинацијата меѓу елементот оган и знакот на Мајмунот води до многу промени во сите сфери на животот, накратко – очекувајте го неочекуваното. Непредвидливиот Мајмун може да донесе позитивни и негативни промени во сите сфери на животот.
Мајмуните се интелигентни, итри и инвентивни, решавачи на проблеми, работат во група, но истовремено покажуваат и независност. Секако, мајмуните имаат и мрачна страна, па можат да се претворат во интригатни тактичари и недоверливи опортунисти, а независноста да ја претворат во неверство. Позитивните и негативните работи кулминираат, и затоа се вели дека 2016 е година во која може да се случи се, зашто влијанието на мајмунот го разнишува секој план. Постигнувањата главно ќе бидат со лични напори, а групните движења, како политички, така и револуционерни, нема да бидат забележителни оваа година.
Финансиски, мајмунот ја зголемува комуникацијата, и ни помага стресните времиња да ги пребродиме со грациозност и леснотија. Бизнисот ќе оди добро и ризиците ќе се намалат. Дарбата на мајмунот за неконвенционални решенија на стари проблеми ќе доведе до успех.
Во врска со здравјето, затоа што се мора да се движи оваа година, морате и вие. Вашето тело е наменето за физичка активност, почитувајте го тоа! Согорете го стресот со вежбање, пливање, јога, аеробик, танц, тимски спортови, долги прошетки.
Деловните одлуки оваа година ќе се базираат на факти, не на емоции. Периодот ќе биде поволен за нови изуми, па инвентивните умови ќе надвладеат. Сега е време за храброст, акција и нови потфати кои сигурно ќе успеат под влијание на Мајмунот.
На индивидуално ниво, годината на Мајмунот е време за бизнис кој се сметал за ризичен, и тука лежи семето на непланираниот успех. Обелоденете ги своите идеи, бидете инвентивни и гледајте само напред. Запамтете, оваа година ќе ги награди индивидуалните напори, а тие кои веруваат во колективот веројатно ќе бидат разочарани.
Ова ќе биде чудесна година за: Стаорецот, Змејот, Мајмунот – ќе бидете шармантни и самоуверени. Нестабилни, но динамични!
Ова ќе биде позитивна година за: Јарецот, Зајакот, Биволот – ќе има подобрувања во сите аспекти на животот. Конечно напредок!
Ова ќе биде возбудлива година за: Петелот, Коњот – ќе има многу деликатни ситуации. Уживајте во поттикот!
Ова ќе биде сложена година за: Тигарот, Змијата, Дивата свиња, Кучето – доброто фокусирање и објективноста носат најдобри резултати.
Оваа година ќе биде полна со обврски на професионален и личен план, па затоа е можно да акумулирате стрес. Годината е погодна за големи семејни собири и за започнување нови потфати. 2016 ќе биде година на радости, среќа и на многу изненадувања. Се очекува да биде исполнета со позитивни настани.
Освен тоа, годината на Мајмунот е погодна за нови бизниси, но треба да се биде внимателен при изборот на партнер. Среќата има мала улога за настаните во годината на Мајмун.
Броевите што им носат среќа се: 1, 7 и 8, а боите – бела, сина и златна. Хризантема е цветот на овој знак.
Познати личности родени во знакот на Мајмунот се: Чарлс Дикенс, Куба Гудинг-Џуниор, Леонардо да Винчи, Селин Дион, Том Хенкс, Вил Смит, Жизел Бундшен, Кристина Агилера, Елизабет Тејлор, Хали Бери и Даниел Крег.