Категории

Зошто нојот ја закопува главата во земја?

Најпрво да разјасниме една работа. Ноевите не ја закопуваат главата во земја и не мислат дека на тој начин успешно се сокриле. Тоа е комплетен мит. Па, тогаш од каде потекнува овој мит и зошто мислиме дека ноевите ги закопуваат главите во земјата?

Ноевите се големи птици, па како и другите видови на птици, и тие создаваат гнезда. Но, тие не можат да летаат и да се качат на дрвјата за да ги изградат традиционалните гнезда какви што нормално ги замислуваме, па затоа мора да направат гнездо на земјата. За да ги заштитат своите јајца од постојаниот ризик од предатори, тие копаат плитка дупка во земјата и таму ги положуваат своите јајца, а потоа повремено ја пикаат главата во дупката за да ги загреат јајцата. Со оглед на тоа што имаат релативно мала глава во споредба со телото, целиот тој процес гледан од далечина навистина наликува како да ја закопуваат главата. Оттаму потекнува и митот.

Покрај ова, постои и уште една причина поради која мислиме дека тие навистина ги закопуваат главите, а тоа е начинот на кој реагираат кога во близина има предатори. Тие легнуваат мирно на земјата, на тој начин што вратот и главата им се поставени паралелно на земјата и остануваат во оваа положба се додека опасноста не помине. Од далечина, предаторите мислат дека тоа е некој вид на голема темна грмушка, особено поради фактот дека вратот и главата се лесни за камуфлажа во однос на песочната земја. А ние луѓето, како и во претходниот случај, мислиме дека тие ја закопуваат главата во земјата.

а, следниот пат кога некој ќе ви каже да не ја закопувате главата во земја како ној, имплицирајќи дека избегнувате некој проблем, објаснете му дека ноевите не го прават тоа и дека тие всушност се само добри родители. Идејата за закопување на главата не само што е смешна, туку е и ризична по нивниот живот бидејќи би можеле да се задушат.

Па, гледате?! Ноевите се многу попаметни отколку што мислите.

Прегледи:
437
Ознаки:
· · ·
Категории:
Занимливости
Објавено на:
10.02.2016