Додека вие се прашувате дали го забележал целулитот на вашите бутини, тој размислува за нешто сосема друго.
Неговиот израз на лицето за време на оргазмот – свесен за своите гримаси, кои се потполно нормална работа, ги зарива забите во вашиот врат и во градите, сакајќи да се скрие.
Интензивен мирис на пот – можеби не посветувате големо внимание на тоа, но мирисот е тука, па вашиот партнер може да се почувствува непријатно поради тоа.
Изгледот на неговото тело – никогаш нема да признае дека не му се допаѓа изгледот на неговото пивско стомаче или пак незатегнатите делови од неговото тело. Што е, тука е. Вие го сакате и покрај тоа што не е совршен, нели?
Се труди да не сврши – во дури 50 проценти од случаите мажите се трудат да не забележите дека со сета сила го одложуваат оргазмот.
Има проблем со откопчувањето на градникот – различен модел на градник, различно закопчување. Со сигурност нема да забележите дека има некаков проблем со откопчувањето дури и кога партнерот навистина не знае да се снајде.
Дали тестисите изгледаат чудно? – многу мажи се убедени дека изгледот на нивните тестиси е помалку чуден, па токму затоа се обидуваат да ви го тргнат погледот од нив.