Категории

Како да направите точен тест за бременост?

thumb

Па девојки, доколку сте се размислувале како тоа мало стапче може да ви каже дали сте бремени или не, еве неколку одговори на најчесто поставуваните прашања.

Како функционира тестот за бременост?

Супстанцата која се мери во тестот за бременост е хормонот ХЦГ (human chorionic gonadotrophin) кој се создава во најраните денови од бременоста. Количеството на хормонот почнува интензивно да се зголемува околу шестата недела од бременоста, за да го достигне врвот помеѓу деветтата и тринаесеттата недела од бременоста.

По колку време по сексуалниот чин треба да купите тест за бременост?

Тестот ќе даде најточен одговор две недели по зачнувањето. Овулацијата е на средина од вашиот циклус (14 ден, ако циклусот ви трае 28 дена) или од прилика 14 дена пред следниот мензис. Спермата може да живее и до пет дена во женското тело, така што постои можност да останете бремени неколку дена пред или по овулацијата (која трае околу една недела за време на циклусот). Останатото време од циклусот помала е веројатноста дека ќе забремените. Ако мензисот ви доцни, и мислите дека сте бремени, а сте добиле негативен резултат на тестот, почекајте неколку дена и тестирајте се повторно.

Дали тестот може да даде неточен резултат, ако сте го купиле пред некое време, а сте го сочувале во бањата?

Доколку тестот бил спакуван и заштитен од прекумерна топлина, можете да го искористите. Една од причините за неточен резултат на тестот е доколку поминал рокот за употреба или не бил правилно сочуван.

Дали и бледа линија на тестот значи дека си бремена?

Да, и бледа линија значи дека тестот е позитивен. Нивото на хормонот ХЦГ не е ист кај сите жени.

Колку време по зачнувањето тестот може да покаже позитивен резултат?

Во упатството на многу тестови пишува дека се точни по првиот ден на доцнење на мензисот. Жените најчесто овулираат на 14 тиот ден од циклусот, значи најдобро е да почекате толку дена за да го направите тестот. Тестот за бременост го мери нивото на хормонот ХЦГ во урината. Логично е кај некои жени да има повисоко ниво, а кај други (кои порано забремениле) пониско ниво. Некои жени, ако се тестираат порано не можат да добијат точен резултат затоа што нивото на хормонот не е доволно високо за да биде покажано на тестот. Затоа најдобро е да причекате барем 14 дена од денот на можното зачнување за да бидете сигурни во точноста на тестот.

Прегледи:
598
Ознаки:
·
Категории:
Занимливости
Објавено на:
11.02.2016