Категории

Најдолгата жичарница во светот

Во Виетнам вчера свечено беше отворена најдолгата жичарница во светот, која се простира на 6,3 километри.

Таа има вкупна должина од 6.292,5 метри и е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најдолга жичарница на три кабли, но и со највисока надморска височина меѓу станицата за поаѓање и пристигање, 1.410 метри.

Системот ја поврзува долината Муонг Хоа и планината Фансипат во провинцијата Лао Чаи, околу 250 км северозападно од главниот град Ханој. Жичарницата за еден час може да превезе две илјади патници, а секоја од кабините може да смести 35 лица.

Од долината до планината патувањето трае 15 минути, а изградбата на жичарницата почна во ноември 2013 година.

Прегледи:
429
Категории:
Патувања
Објавено на:
11.02.2016