Категории

Видео: Цел живот погрешно сте го кршеле Тоблероне чоколадото! Погледнете како треба …

Ова легендарно чоколадо е дизајнирано на таков начин, поради една сосема посебна причина. Сè што треба да знаете е како правилно да го јадете… 

Нема човек којшто едноставно не го обожува чоколадото Тоблероне, без разлика дали се работи за минијатура од само едно “триаголниче”, или за џиновско пакување купено од free-shop.

pravilno-da-jadete-toblerone-

Од друга страна речиси и да е невозможно да скршите едно “триаголниче” од примамливото чоколадо, а притоа голем дел од чоколадото да ви остане на прстите, и тоа не на оној добар начин…

И ако во одреден момент не сте се откажале и не сте одлучиле за да го одгризете парчето со заби, веројатно и не ја говорите вистината.

Дали тоа значи дека “триаголнестото чоколадо”, коешто едноставно го обожува целиот свет, е дизајнирано на крајно лош начин? Секако дека не, но она што е сигурно е дека вие дефинитивно го јадете на сосема погрешен начин, пренесува Independent.

Всушност, Тоблероне има апсолутно добра причина за да биде дизајнирано токму на начинот којшто на сите нас ни е добро познато.

Корисничката на YouTube мрежата Kaitlin Moore ќе ви покаже кој е правилниот начин за следниот пат со леснотија да скршите парче тоблероне без притоа воопшто да се изнервирате.

Прегледи:
710
Категории:
Видео · Занимливости
Објавено на:
11.02.2016