Категории

Кои се најопасни хороскопски знаци

За да ја разбиеме предрасудата дека само Шкорпиите се на лош глас, прочитајте во иднина со кои знаци треба да бидете претпазливи.

ЈАРЕЦ

Парите за Јарецот се се, а неговите емоции се ограничени. На лицето на Јарецот нема да можете да воочите ниту едно чувство нити пак тој има некоја претерана потреба да ви го покаже.

ШКОРПИЈА

Шкорпиите не се нити злобни ниту бесчувствителни. Напротив тие се многу чувствителни личности и сакаат да се предани. Но, ако ги изневерите или повредите тогаш ќе ја запознаете нивната мрачна страна.

РИБИ

Рибите ако имаат некоја корист тогаш немаат проблем да лажат. Ќе ви ја пронајдат најслабата точка и ќе играат на картата на сожалувањето. Кога ќе ја остварат својата цел, ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе сфатите дека сте изневерени.

Прегледи:
637
Објавено на:
12.02.2016