Категории

Вински хороскоп

Најчесто виното го одбираме според неговата листа на состојки или пак по препорака, но дали сте знаеле дека може да се одбере и по основа на вашиот хороскопски знак?

Овен

Во склад со воинствената природа на овните, црвеното вино е дефинитивен и ултимативен избор, додека благата арома и луткастиот бибер само ја истакнува порака “види ме“, која ја испраќаат припадничките на овој знак.

Бик

На биковите им е сеедно дали пијат бело, црвено или розе се додека квалитетот е на високо ниво, а голтката лизга лесно низ грлото подмачкана со свилени ароми. Но со оглед на тоа што припадничките на овој знак водат голема грижа за изгледот веројатно изборот ќе падне на црвеното вино, бидејќи белото има повеќе калории.

Близнаци

Бело, светли и по можност пенливо за да биде во склад со карактерот на близнаците. Секако потребно е да има мала доза на сладок вкус и да е добро изладено.

Рак

Ако купувате вино за подарок на рак, тогаш гледајте тоа да биде колку што е можно послатко и по можност пенливо.

Лав

Врвно бело вино со блескав отсјај на тосканското сонце. На лавот потребна му е топлина, стабилност и потврда за безгрешниот род исто онака како што се бара и од виното.

Девица

На прашањето црно или бело, секоја девица ќе одговори црно! Таа ќе ве праша дали ова вино е органско, дали се служи во позитивна атмосфера, дали е чувано во добри подруми, дали е проверен неговиот квалитет?
Ако одговорот на се е да, тогаш може една чаша црно вино…

Вага

Меко, нежно и пријатно за непцата бело вино или пак црвено со сите можни овошни ароми (како сангрија) што ги спојува луѓето и ја прави вечерта уште поромантична.

Скорпија

За скорпијата единствен избор се богати, тешки темно црвени вина со неодолива структура. Оние кои се од најдобрите таверни и кои се познати по својата ексклузивност и дискреција.

Стрелец

Стрелецот и испробувањето на вината го претвора во авантура. Претставниците на овој знак ќе ги испробаат сите вина по ред се додека не го најдат совршеното. А ако и цената е прифатлива…

vinski-horoskop-02

Јарец

Не е важна сортата, бојата, годиштето се додека “генеалогија“ одговара. Врвното потекло е предуслов јарецот да земе чаша во рака.

Водолија

Само свежо винце. Можеби повеќе го сака белото, но поради здравствени потреби и безбедност ќе го земе провереното црвено. Па ако е поразлично од останатите и не претерано скапо тогаш тоа ќе биде вистинскиот избор.

Риби

Како вода од аквариум, беспрекорно, безбојно и кристално провидно бело вино со овошни ароми. Никако слатко, повеќе суво или средно, а некое меурче не е на одмет.

На здравје!

Прегледи:
522
Објавено на:
13.02.2016