Категории

Ожени се со мене, бебето е на пат! (фото)

Во последниве неколку дена на социјалните мрежи се прошири фотографијата од билбордот кој осамна во Бања Лука.

“Саша сакаш ли да се ‘ожениш’ со мене? Бебето е на пат, немаме веќе што да чекаме. Те сака твојата Јелена!”, пишуваше на големиот плакат токму на Денот на вљубените.

Фотографијата од билбордот за миг стана хит на социјалните мрежи, а локалните медиуми сега успеаја да дојдат и до Јелена и да дознаат како изреагирал Саша.

Имено, Јелена освоила билборд на еден “натпревар” и одлучила наградата да ја искористи за да го запроси својот дечко.

“Тој ме донесе до дома, и замина накај својата куќа… јас го отворив Фејсбукот и видов дека мојот билборд е ударна вест… Тогаш ја објавив статијата од вашиот портал на мојот Фејсбук и го тагнав Саша со пораката ‘додека да го видиш во живо'”, рече Јелена за порталот “Мој Контакт”.

“Иако се трудеше да го прикрие тоа, го забележав неговото воодушевување. Знаев дека е лудост тоа што го правам, и дека многумина ќе ме критикуваат, но не патам од тоа. Многу работи имам поминато во животот, и конечно можам да кажам дека ја најдов вистинската личност. Тој е скромен, и помалку срамежлив, но поради тоа јас сум подготвена на секакви лудости”, вели Јелена.

Саша, секако, рекол “да”, а бебето пристигнува во август.

Прегледи:
427
Објавено на:
16.02.2016