Категории

,, Не секогаш луѓето се онакви какви што ги замислуваш! ” – Белешките на Дариа Јохан

Во животот не е важно каков си и дали си богат. Битно е дали имаш срце.

Срце за искрено да љубиш.

Душа да ти се исполнува.

Некои немаат храброст да признаат колку ли само болка имаат во душата, а пак некои се толку проклето гневни што душа ти излегува од нив.

Епа ете пријателе дојде и почетокот на оваа приказна.

Беше рана есен. Надвор жолтеникавите лисја едно по едно паѓаа  Јас седнав до една клупа близу реката и чекав само мир. Ништо повеќе.

Во тој момент помина една девојка.

Знам што правев. Се радував. Моето срце се радуваше.

Беше најубавата девојка што некогаш сум ја сретнал во животот.

Но знаете јас , не бев како богатите луѓе, но имав богато срце.

Немав палата, но имав покрив на главата.

Немав пари, но имав душа побогата од другите.

Таа беше единствената девојка која беше најдотерана од останатите.

Живот на висока нога.

Ме погледна само и се насмевна.

Реков можеби ќе биде и моја еден ден.

Секој ден одев до таа клупа надевајќи се дека ќе ја сретнам повторно.

И ете ја.

Под рака со своето дете и својот маж.

Беше среќна.

Се додека видов рака на нејзиниот образ.

Беше нејзиниот маж…

Ми доаѓаше да врескам на глас.

Ми доаѓаше да станам и да го задавам тој гад.

Ми доаѓаа солзи , но ги исплачив во душата.

Ми доаѓаа грди зборови но ги премолчав.

Ми доаѓаше се да направам во моментот, но се воздржав.

Ете пријателе мој .

Не секогаш вистинските љубови се вистински , и не секогаш се среќни.

Во животот ќе сретнеш многу луѓе, но оние стварните, се многу ретки.

Не се како сега.

Дојде друго време.

Време на војна со љубовта.

Време кога не се знае и од каде ќе наиде љубовта и зошто.

Но секогаш пријателе мој, секогаш верувај во љубовта, таа никогаш не може да те повреди .

Подобро верувај на љубов од колку во луѓето.

Луѓето се понекогаш злобни , но љубовта никогаш.

Белешките на Дариа Јохан

Прегледи:
431
Ознаки:
·
Објавено на:
18.02.2016