Биохемичарите конечно обајснија зошто е подобро кока-кола да се пие од стаклено шише и зошто нејзиниот вкус поради тоа е подобар.
Рецептот за овој светски пијалак е ист, без оглед на тоа дали се работи за пластична или стаклена амбалажа. Течноста, регира со полимери во пакувањето и тоа открива дека е подобар вкусот на кока-кола кога се пие од стаклено шише.
Полимери се молекули внатре во пакувањето, кои се самоизградуваат од помали единици. Кога имаме конзерви, поточно алуминиумско пакување, полимерите го облажуваат пакувањето и апсорбираат некои растворливи вкусови од пијалакот.
– Иако компаниите кои го пакуваат овој пијалок сакаат да спречат било какви реакции, тие сепак можат да се јават, истакна биохемичарот Сара Рич.
Во меѓувреме полимерот ацеталдехид што се употребува во пластични шишиња може да го промени вкусот на пијалакот. Секако, без оглед кое пакување се преферира, здравствените ризици се секогаш исти.