Категории

Каква сопруга бара неговиот хороскопски знак

Прочитајте на што советуваат астролозите да обрнете внимание кога го бирате вашиот брачен партнер.

ОВЕН

Мажот Овен е самосвесен и често е опседнат со себе, што може да биде проблем за дама која сака внимание. Од Овенот не треба да очекувате претерана соработка, туку да го оставите да биде водач.

Тој често има големи љубовни потреби, па идеално би било ако партнерите го ускладат либидото, инаку премногу честото одбивање може да доведе  до конфликти.

Ако го прифатите дека е себичен, тогаш ќе имате долг брак.

БИК

Кога една дама сака да го освои мажот Бик, треба да биде поенергична и пофлексибилна од него.

Бикот ќе биде задоволен со сопруга која добро се снаоѓа во кујна но истовремено ќе му понуди блискост.

Бикот не сака премногу комплицирани жени, напротив него ќе го плените со едноставноста.

БЛИЗАНЦИ

Ако го сакате спортот, дружењето, динамичниот живот, автомобилите лесно ќе го освоите мажот роден во овој знак.

Дамите кои инсистираат на свои сопствени филозофски ставови, интуитивност можат само да ги одбијат повеќето припадници на овој знак.

Но оние кои имаат склоност кон лесни и едноставни односи кај Близнакот ќе го најдат својот совршен партнер.

РАК

Човекот роден во знакот Рак е чувствителен, заштитнички расположен, постојано е под наплив на емоции, променливо расположение и меланхолија.

Чезнее по силна жена која сака да биде мајка и е подготвена да се врзе за него. Ако сте ладна, воздржана или резервирана само ќе го повредите и сигурно ќе ве одбие.

Постои голема желба за самоодржување и продолжување на неговото семејство. Сака убав и мирен живот во кругот на семејството, па ако поседувате вакви квалитети лесно ќе го заробите неговото срце.

ЛАВ

Мажот роден во знак Лав сака убава и привлечна жена. Не сака таа да му контактира и да му докажува дека е посупериорна од него. Дури и кога тој греши не сака тоа јавно да му го кажувате, туку да го гледате со почит и воодушевување.

Понекогаш му е потребно да го признавате неговиот квалитет за да се чувствува сигурно. Ако сакате да го поминете цел живот со него, треба да сте свесна дека тој сака апсолутно се.

ДЕВИЦА

Доколку сте желни и способни да водите едноставен и обичен живот каде сметките и обврските ќе ви бидат на прво место и ако не ви е проблем да живете една рутина тогаш за вас е совршен мажот Девица.
Станува збор за паметен и практичен човек кој не е хедонист и од својата партнерка очекува верност, скромност и труд.

ВАГА

Станува збор за маж кој не е способен да биде сам и несвесно посакува жена која е посилна од него и доминантна во секоја смисла.

Таа не треба да биде вулгарна или проста, мажот роден во знакот Вага очекува покрај себе да има дама со фини манири која поседува талент за преживување како и одлучност која нему му недостига. Со него треба да имате јаки нерви и разбирање за неговите слабости.

ШКОРПИЈА

Овој маж длабоко во себе се плаши од искуствата кои сте ги имале во минатото, па подобро пред него да не изнесувате детали од поранешните врски.

Тој е посесивен и има вроден страв дека би можеле да го повредите. Доколку сте способна да имате длабока, страствена врска во која нема место за други, тогаш со леснотија ќе го освоите овој човек.

Мажот Шкорпија бара длабока интуитивна дама која разбира дека целиот живот е една голема мистерија.

СТРЕЛЕЦ

Мажот роден во овој знак може да биде склон на афери. Тој бара еманципирана дама која има активен социјален живот и е способна да се менува и прифаќа нови концепти и модели.

Стрелецот е против патријахалните сфаќања и не сака дами чиј единствен сон е да бидат мајки и домаќинки.

Ако имате силен дух, попустлив карактер и слабо нагласено его со голема леснотија можете да очекувате тој да ве однесе пред олтарот.

ЈАРЕЦ

Мажите родени во овој знак посакуваат мирна и разумна жена која нема потреба од компликации во животот.

Јарецот од својата жена очекува да биде добра мајка и домаќинка. Тој има големи сексуални потреби, па важно му е партнерката да може да го следи.

Јарците не сакаат модерни бракови, туку им е важно да имате традиционален концепт на брак  односно да се трудите да го одржите бракот и децата да ги “изведете на вистински пат“.

Ако сакате да влезете во брак со Јарец треба да се откажете од било каква потреба за доминација. Не е потребно ниту да бидете многу романтична и креативна, колку сте поедноставна толку повеќе ќе ве сака.

ВОДОЛИЈА

Мажот роден во овој знак тешко воспоставува блискост и потребно е да му оставите простор за да ги покаже чувствата. Сепак и понатаму ќе биде ладен.

Тој бара интересна и необична жена која има значајни искуства и која е интелектуалка.

Водолијата се плаши од претерано поврзување ниту сака да му наметнувате норми и правила. Ако сте способна да водите активен социјален живот и да воведувате нови и интересни луѓе во вашиот живот тогаш сте идеална дама за Водолијата.

РИБИ

Рибите се нежни мажи кои сакаат да ги разберете нивните потреби и да развиете блискост и емпатија со него.

Ретко сакаат груби жени и не патат за хероини и дами кои се емоционално нестабилни. Рибите имаат потреба за врзување.

Ако сте способна да разберете дека вашиот партнер има сомнежи и стравови, а вие да не му замерите за тоа тогаш тој човек ќе ве сака целиот свој живот.

Прегледи:
539
Објавено на:
22.02.2016