Во четврток на 25.02 во кафулето Concept 37 повелете на уште една уметничка дружба и изложба на младата и талентирана Моника Ризовска.
[THE MORNING AFTER] е втора самостојна изложба на Ризовска и е повик за дружба со уметност исполнета со многу топлина, ведрина, автентичност и љубов.
Настанот ќе биде полн со изненадувања, приказни и ситни слатки елементи за спомен.
Првата изложба на Моника беше претставена во ноември месец насловена како „Пауза“ а присутните беа воодушевени од она што можеа да го видат.
Повелете во четврток на уметничка дружба.