Категории

Како реагираат хороскопските знаци на критика

Секој од нас се нашол многу пати во непријатна ситуација, без разлика дали станува збор за расправија со пријатели или непријатен разговор со некој член на семејството.

Денес прочитајте како влијаат планетите на темпераментот во таква ситуација…

ОВЕН

Овенот е еден од најтемпераментните знаци. Доколку не му се допадне нешто што ќе го слушне, знае да реагира многу бурно. Затоа подобро да не му “застанете на нерв“ бидејќи ќе излезе лут од просторијата и ќе ја тресне вратат по себе.

БИК

Иако важат за тврдоглави личности, Биковите непријатните ситуации ќе ги решат на дипломатски начин. Бикот најверојатно ќе се прави дека не ја чул замерката или ќе направи неумесна забелешка и ќе продолжи да зборува за некоја општа тема.

БЛИЗНАЦИ

Тие многу сакаат да разговараат, и едвај чекаат некој да каже нешто што не им се допаѓа за да почнат да дебатираат на таа тема. Секако ќе се обидат да им докажат на другите дека само тие се во право.

РАК

Емотивниот и чувствителен Рак не е секогаш расположен да слушне груби зборови. Доколку се почувствуваат навредено или загрозено од страна на соговорникот тие само ќе се повлечат, а може да падне и по некоја солза.

ЛАВ

Ако имаме предвид дека сакаат да бидат во центарот на вниманието, на нив критиката ќе им годи. Всушност, Лавот ќе успее непријатната ситуација да ја сврти во своја корист и да започне расправа во која ќе говори за себе.

ДЕВИЦА

Прагматичната Девица ќе ве осуди дека имате предрасуди, ќе ви објасни дека тоа не е убаво, а притоа и сама ќе ве искритикува.

ВАГА

Секоја ситуација па и онаа непријатната ќе се обиде да ја гледа преку позитивната работа. Вагата со својот шарм ќе се обиде од непријатните ситуации да го извлече најдоброто.

ШКОРПИЈА

Никој не сака да се закача со Шкорпијата бидејќи таа буквално ќе ве “забоде“ и ќе ве остави да патите со денови.

СТРЕЛЕЦ

Непредвидливи и духовити, стрелците непријатниот разговор ќе го прекинат така што ќе ви кажат дека им е жал и дека не требало воопшто да разговарате на таа тема.

ЈАРЕЦ

Тврдоглавиот и таинствен Јарец ако се најде во непријатна ситуација, учтиво ќе се повлече, а сите кои учествувале во таа ситуација во иднина ќе ги избегнува.

ВОДОЛИЈА

Непријатно, што е непријатно? Се е нормално, сите ние сме луѓе…

РИБИ

Иако нема да им биде право, Рибите нема да се трудат да се извлечат од непријатната ситуација туку ќе се потрудат да ја разберат и да ја надминат.

Прегледи:
452
Објавено на:
23.02.2016