Категории

Како децата влијаат врз вашиот имунитет?

Најверојатно до сега сте слушнале дека децата целосно им го менуваат животот на родителите, но научниците сега откриле и дека децата влијаат врз нивниот имунитет.

 

Белгиски научници открија дека врз нашиот имунолошки систем многу повеќе влијае родителството, отколку настинката или стомачниот вирус.

Во студијата учествувале 670 лица меѓу две и 86 години, а тимот научници во периоот од три години следеле повеќе фактори вклучувајќи ја и возраста, полот, анксиозноста, депресијата, дебелината, како и следење на имунолошкиот систем на секој учесник поединечно.

Истражувачите откриле дека имунолошкиот систем на учесникот не варирал многу во текот на периодот на следењето, останал стабилен дури и по сезонскиот грип или стомачен вирус.

Сепак, нивните наоди покажуваат дека еден од најзначјните фактори кои го менува имунолошкиот систем на поединецот е тоа дали тие живеат и го воспитуваат детето со партнерот.

Имено имунолошкиот систем на родителите, кои заедно го воспитуваат детето е многу посилен, отколку што е случај кај оние кои немаат деца или кои не живеат во заедница.

„Недостигот на сон, стресот, хроничните инфекции и сите други предизвици на родителството му влијаат на нашето тело многу повеќе, отколку што мислиме. Мислам дека сите родители на предучилишни деца или деца на училишна возраст би требало да го ценат ефектот кој нивното дете го има врз нивниот имунолошки систем, нагласува докторот Адријан Листон, коавтор на студијата.

Прегледи:
551
Објавено на:
24.02.2016