Иако Лавовите се сметаат за доминантни и личности кои сакаат се да контролираат, денес ви нудиме неколку причини зошто е супер да бидете во друштво на еден Лав…
Лавовите се едни од на најлојалните луѓе во хороскопот. Тие се пријатели на долги патеки. Веруваат дека токму пријателството е едно од најважните нешта во животот и се трудат да го негуваат. Нема да дозволат во нивно присуство некој да збори лошо за нивни пријател.
Лавовите имаат амбиции да станат нешто подобро од што се. Ќе се борат со сите средства да го добијат тоа што го сакаат. Не се плашат да ризикуваат и да се обидат. Што ќе зацртаат тоа ќе го остварат. Никого не го обвинуваат за својот неуспех, но ако му помогнете кога е во неволја тоа никогаш нема да ви го заборави.
Лавовите својата храброст и ведрина не ја чуваат само за себе. Тие ги охрабруваат и подржуваат своите блиски за да и тие ја постигнат својата цел. Нив ги води реченицата “ако не пробаш, нема да знаеш“.
Една од главните карактеристики на Лавот е неговата потреба за внимание. Кога ќе влезат во просторија сакаат погледот да биде свртен кон нив. Па од таа причина понекогаш ги преувеличуваат приказните за да ги насмеат пријателите.
Лавовите се авантуристи и сакаат да патуваат. Сакаат да се искачуваат на највисоките планини, да пијат најскапо виски, да пловат по море или да пробаат некој екстремен спорт.
Па драги дами, признајте кој не би сакал ваков пријател покрај себе?