Категории

Мажите кои почесто имаат секс имаат „побистар‟ ум и подобро помнење

Новата студија која ја спроведе Универзитетот Ковентри од Велика Британија, открива дека мажите кои имаат редовен секс, а посебно тие постарите, имаат зголемени конгитивни функции и помнење.

Дека сексот навистина е лек од соништата, покажува наведеното истражување што е спроведено врз 6.800 лица од Англија под водство на Хејли Рајт и Ребека Џенкс.

Резултатите покажале дека мажите од 50 до 89 години, кои имаат редовен или почесто секс од своите врсници, добиваат и до 23 отсто повеќе бодови на тестови за конгитивната функционалност и околу три отсто поголема меморија која ја покажуваат со подобро редење на сложувалки.

Сепак, дека сексот позитивно влијае на забавување на староста зборува и фактот дека во текот на односот нашето тело го ослободува хормонот допамин, кој меѓу другото е еден од главните невротрансмитери во мозокот.

Прегледи:
476
Објавено на:
28.02.2016