Категории

Каква дама сака неговиот хороскопски знак

За да знаете како да го освоите неговото срце, прво треба да знаете што тој посакува од својата партнерка.

ОВЕН

Овенот сака акција. Бидете секогаш чекор пред него со идеите и поведете го вие во незаборавен ноќен провод.

БИК

На Бикот пријателите му се многу важни, но тешко ги наоѓа во својата средина. Затоа, ако сакате да го импресионирате направете забава и повикајте ги најинтересните луѓе кои сте ги запознале.

БЛИЗНАЦИ

Тој е вљубен во технологијата но и во иновациите. Покажете му што се можете да направите со женската штикла, верувајте тој ќе биде импресиониран.

РАК

На ракот хронично му недостасува разбирање. Интимна вечер со пријатна музика и топол поглед е доволно за да бидете единствената личност која ќе ги дознае сите негови тешки моменти од животот.

ЛАВ

Лавот е храбар, но му недостасува партнер кој ќе го следи во неговата храброст. Затоа направете нешто што ќе го импресионира и секако не заборавајте да го претставите пред вашите пријатели.

ДЕВИЦА

Иако тој живее од денес до утре, дамата која ќе ја организира својата недела однапред му е многу привлечна. Дајте му до знаење дека сте многу букирана и тој ќе се бори да освои место во вашиот распоред.

ВАГА

Бидете му поддршка и дивите му се искрено. Тој со вас ќе се чувствува како крал на универзумот и ќе биде неизмерно задоволен.

ШКОРПИЈА

Тој ја сака моќта и интелигентните дами. Тоа за вас треба да биде вистински предизвик и да се послужите со манипулативни техники.
Како? Па кога ќе чека внимание вие бидете незаинтересирана, а кога ќе помисли дека тоа е тоа и дека не ве интересира изненадете го со жежок бакнеж.

СТРЕЛЕЦ

Тој е авантурист и секоја акција надвор од градот е полн погодок. Само погрижете се на таа мала авантура да отидете сами за да ја задржите интимноста.

ЈАРЕЦ

Јарецот се интересира за макровселената, еволуцијата, револуцијата, вечниот живот, теориите на заговор. Затоа постојано вадете факти кои ќе ја задоволат неговата потреба и така ќе сака постојано да ве гледа.

ВОДОЛИЈА

Здодевни му се луѓето кои во се се сложуваат со него. Затоа започнете тема во која ќе заземете целосно спротивен став и добро ќе се спречкате, за потоа да можете да ги смирите страстите во прегратка.

РИБИ

Него го интересираат тајни бидејќи е опседнат со вистината и се сето она што е во човековата фантазија.
Поминете вечер во раскажување на вашите фантазии, но и вистински сцени од вашиот живот на кои ќе ви завидува, а во исто време ќе станете негова опсесија.

Прегледи:
661
Објавено на:
01.03.2016