Категории

3 ОСНОВНИ ПОПРАВКИ НА АВТОМОБИЛ ШТО СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ

Како и за сите работи во животот, и на вашиот автомобил му е потреба нега и внимание – а ова треба да вклучува повеќе од добро полирање. Ако сте сопственик на автомобил, има неколку основни правила за одржување кои треба да ги знаете. Ги одвоивме трите најважни.

Проверете го притисокот на воздухот на гумите

Со точната количина на воздушен притисок, вашите гуми ќе траат подолго, ќе ви заштедат гориво, и возењето ќе биде полесно и поизедначено. Возење со гуми кои немаат – или пак имаат премногу воздушен притисок може да доведе до нивно оштетување, што ја зголемува опасноста од издишана, дупната гума или сообраќајна несреќа. Барем еднаш месечно или пред подолги возења, проверете го воздушниот притисок на гумите кога тие се ладни (што значи дека не сте го возеле автомобилот неколку часови претходно).

Чекор 1: Погледнете го препорачливиот воздушен притисок на гумите кој можете да го најдете во прирачникот за автомобилот, а често се наоѓа и на лепенката од внатрешната страна на вратата на возачот или во делот за оставање работи пред совозачот. На некои автомобили има и ознака за притисок на воздухот на самите гуми, но ова е максималниот дозволен притисок, па не се ориентирајте според тоа.

Чекор 2: Земете манометар (може да го купите во било која продавница за опрема за автомобили), израмнете го со вентилот на гумата и притиснете го. Ако слушнете шум, не го притискате доволно, туку само испуштате воздух од гумата.

2

Чекор 3: Прочитајте го мерачот. Ако притисокот на гумата е многу под препорачаниот (проверете ги сите четири гуми), надувајте ја гумата на најблиската бензинска пумпа.

3

Проверете го маслото

Маслото во моторот на вашиот автомобил делува како лубрикант помеѓу сите подвижни делови и го намалува триењето, кое пак спречува прегревање. Ако вашиот мотор функционира нормално, маслото природно согорува малку по малку и треба да се наполни или замени со тек на времето. Не мора да го менувате маслото сами, но рутинско проверување на нивото е едноставно и може да спречи уништување на моторот.

Чекор 1: Поставете го автомобилот на рамна површина (ако е на нагорниште или надолниште маслото ќе се сконцентрира на една страна) и отворете ја хаубата.

4

Чекор 2: Најдете ја прачката за проверка на масло (најчесто има жолта рачка во форма на круг или буквата „Т“, некогаш пишува “oil” на неа). Извлечете ја и избришете ја со крпа затоа што претходно била натопена во масло и веројатно е прекриена со него.

Чекор 3: Вратете ја прачката назад, а потоа повторно извлечете ја и држете ја хоризонтално за да ја прочитате.

5

Чекор 4: На прачката има две линии или дупчиња: едното е “Min” – минимално, а другото “Max” – максимално. Точката каде што масниот дел завршува, а сувиот дел почнува, треба да биде помеѓу овие две линии. Ако е под долната линија, односно под минимумот, треба да додадете масло. 6

Сменете гума

Да ви се дупне гума додека возите е честа појава, па не паничете. Добро е да знаете како да смените гума пред да ви се издиши. Еве еден брз преглед за како да го направите тоа, но проверете го и прирачникот за автомобилот за да се осигурате дека ќе ја смените правилно.

Чекор 1: Паркирајте го автомобилот на безбедно место и вклучете ги трепкачите. Ако имате рефлектирачки триаголник – поставете го, ако имате флуросцентен елек – облечете го.

7

Чекор 2: Повеќето автомобили имаат резервна гума во багажникот под тепихот. Извадете ја. Содржи три работи: дигалка, клуч и резервната гума.

8

Чекор 3: Извадете ја раткапната со остриот крај на клучот. Потоа искористете го за да ја олабавите секоја завртка на гумата, но не ги вадете целосно. Не сакате гумата да ви падне на ногата кога ќе го кревате возилото.

9

Чекор 4: Ставете ја дигалката под металниот дел под вашиот автомобил, најблиску до гумата која треба да се промени (прочитајте го прирачникот за да видите кои се точните точки каде што треба да се постави дигалката).

Чекор 5: Со помош на клучот, вртете ја дигалката додека гумата не е целосно подигната од земјата. Треба да го подигнете автомобилот доволно високо не само за да ја извадите дупнатата гума, туку и за да ја ставите новата.

Чекор 6: Извадете ги навртките од гумата и потоа извадете ја гумата. Ако не успеете да ја ставите, јавете се на патна служба наместо да ризикувате да го оштетите возилото.

10

Чекор 7: Ако успеавте да ја ставите, стегнете ги завртките додека тркалото не почне да се врти.

Чекор 8: Спуштете го автомобилот со дигалката, и продолжете да ги вртите завртките додека не станат многу цврсти. Повторно ставете ја раткапната и вратете ги старата гума и алатите во багажникот. Не заборавајте да купите нова резервна гума. Но пред да заминете, не заборавајте да го проверите воздушниот притисок на новата гума – веќе знаете како да го направите тоа.

11

Прегледи:
883
Објавено на:
02.03.2016