Категории

Најмладата милијардерка на светот има само 19 години

Норвешката тинејџерка Александра Андерсен (19) е најмладата милијардерка на светот според најновата листа на магазинот „Форбс“ за најбогати луѓе, пренесува „Дејли меил“.

Александра која работи како професионален дресер на коњи и живее во Германија, од својот татко Јохан Ф.Андерсен добила 1,2 милијарди долари, кога на неа и на нејзината сестра Катарина (20) им препуштил дел во семејната компанија „Ферд холдингс“.

На Александра и нејзината сестра Катарина ова им е првпат да се појават на листата на која го заземале  1.475 место.

Својот удел во компанијата го стекнале во 2007 година, а нивниот прадедо бил најголем норвешки произведувач на цигари врз основа на што нивното семејство стекнало  богатство.

Но ако се суди според социјалните мрежи наспроти богатството, Александра поголемиот дел од времето го поминува во својот дом во Германија каде професионално јава, а со својот коњ Беламур освоила и бројни признанија.

forbes-1-460_1030142S0

Во едно интервју објавено на интернет-страницата на нивната компанија зборувала за одговорноста која и е дадена, и истакнала дека само пари не се доволни за успех.

Според фотографиите кои ги објавува на својот профил на Инстаграм , Александра не се расфрла со своето богатство, и не го троши на луксуз и разуздани забави. Таа често објавува фотографии и  снимки од јавање и од своите домашни миленици.

На врвот на листата на најбогати луѓе во светот, трет пат по ред е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, а по него следи основачоит на модниот бренд „Зара“, Аманисио Ортега.

Прегледи:
356
Објавено на:
03.03.2016