Многу млади луѓе го земаат животот со родителите здраво за готово – бесплатен стан, храна, перење и чистење… што ќе посакате повеќе од тоа? Освен што мајка ви може да одлучи да ви наплати за сето тоа.
Корисникот на “Reddit”, Чалипо ја објави сметката која мајка му му ја врачила за 13 месеци живот под нејзиниот кров. Овој студент одлучил да се смести во родителскиот дом за тој период од животот, но најверојатно не планирал дека на крајот ќе мора тоа скапо да го плати.
Деталната сметка вклучува трошоци за струја, греење, плин, интернет, храна, превоз, чистење, но и 1.000 долари казна затоа што е “шупак кој не знае да ја цени мајчината финансиска, а и општа поддршка”. Сето тоа заедно чини вкупно 40 илјади канадски долари.
Сепак, Чалипо истакна дека на крајот нема да мора да ја плати сметката. Тоа било многу влијателна мерка на воспитување и признава дека му помогнала повеќе да го цени трудот на родителите.