Категории

Никол Шерзингер во римејкот на култниот филм „Валканиот танц“

Америкаската ѕвезда Никол Шерзингер ќе се појави во римејкот на филмот „Валканиот танц“, чија оригинална верзија е снимена во 1987 година.

Актерката и поранешна пејачка на популарниот бенд „Пусикет Долс“, која во момнетов е член на жирито на американскиот „Икс Фактор“, ќе ја толкува во улогата на Пени, партнерката по танц на главниот лик Џони Касл.

„Холивуд Репортер“ јави дека Џони ќе го игра танчерот и актер Колт Пратс, а улогата на Бејби Хаусман и е доверена на Абигејл Бреслин.

Шерзингер на Твитер објави фотографија на која тренира за улогата и напиша дека е „многу возбудена“.

Римејкот на „Валканиот танц“, кој ќе трае четири часа, ќе го режира на Вејн Блер.

Во оригиналната веризја на култниот филм Бејби ја играше Џенифер Греј, Џони – Патрик Свејзи, ликот на Пени го толкуваше Синтија Роудс.

Прегледи:
474
Објавено на:
04.03.2016