Категории

5 совети како полесно да се носите со стресот

Стресот е нешто што не можеме да го избегнеме без разлика каква работа работиме или каков живот живееме.

Секојдневно “се бркаме“ со рокови на работа, факултет или дома постојано сме во гужва извршуваме обврски и слично.

Така што во денешно време и најмала работа може да не нанервира  и да биде причина за стрес.

Во продолжение дознајте кои се 5-те наједноставни совети кои можеме да ги искористиме кога сме под стрес…

# Запишете што ве мачи

Хартијата и пенкалото се вашите најдобри пријатели. Така нема само накратко да заборавите на некои работи туку ќе ги прочистите мислите и полесно ќе се справите со обврските и денот.

# Поработете на својот работен простор

Вашиот работен простор нека биде едноставен и чист. Ако работите во неуреден простор, тоа нема да влијае позитивно на вас. Затоа држете се до едноставноста. Освен телефоноти компјутерот крај себе држете свежо цвеќе или чаша вода.

# Одвлечете си го вниманието на нешто друго

Излезете на кафе со своите најзабавни пријатели и насмејте се заедно. Тоа ќе ви помогне да ги тргнете мислите од стресните работи.

# Храната како утеха

Иако повеќето ќе кажат дека тоа е најлошото што можете да го направите за своето тело, направете исклучок. Ако сте под голем стрес зошто да не се почастите со омилениот колач или најдрагото јадење?

Шеќерот ќе ви го подигне нивото на енергија и ќе ви помогне да ги извршите обврските. Секако како и за се останато така и во јадењето не треба да претерувате.

# Опуштете се

Вежбајте, наполнете ја кадата и уживајте во топлата купка или пак во нешто трето што ве прави среќна.

Потсетете се сама себе дека заслужувате нега и внимание. Понекогаш сите обврски се “поважни“ од вас и од работите за кои треба да водиме сметка.

Прегледи:
420
Објавено на:
04.03.2016