Најбарани професии во светот и оваа година се оние од областа на финансиите, бизнисот и човековите ресурси, објави порталот за барање работа Glassdoor.
На врвот на листата се наоѓа работното место за развоен менаџер, односно лицето кое го планира растот на компанијата.
Во најбарани професии влегуваат и работните места поврзани со финансии и човечки ресурси. Меѓу најбараните професии со добра заработка влегоа и психијатрите, докторите, инженеринг менаџери, софтверски инженери итн.
Правниците пак, не влегoa ниту во првите 25 најбарани професии за оваа година.