Изненадувањата не мора секогаш да побудат позитивна реакција од другата страна. Особено ако станува збор за личност која не сака да биде доведена во нова ситуација над која нема контрола. Но, сепак постојат неколку мали изненадувања кои секогаш носат позитивна реакција кај посилниот пол. Па, доколку сакате да го израдувате, ова се најдобрите начини да го сторите тоа.
Подгответе му вечера без претходна најава или ветување
Веќе е општо познато за мажите дека љубовта им поминува низ стомакот, па токму затоа и богатата неочекувана вечера може да предизвика воодушевување кај него, особено ако имал тежок ден на работа и морал да остане прекувремено.
Најдете карти за концертот на неговиот омилен бенд или за натпреварот во кој игра неговиот тим
Мажите уживаат во вниманието, дури и кога не сакаат да го признаат тоа. Особено кога ќе забележат дека внимавате на малите детали, како што се неговите омилени пејачи, филмови и спортски клубови за кои навива.
Подарете му нешто ситно без никаков повод
Да, и мажите сакаат подароци. Вие ќе добиете бонус поени ако се работи за нешто што навистина му се допаѓа и што веќе некое време потајно го посакува. Фокусирајте се на корисните нешта, кои би можел секојдневно да ги употребува.
Купете ги неговите омилени грицки во маркет
Пред да се вратите дома или пак, ако не живеете заедно, кога ќе одите накај неговиот дом, купете ги оние грицки кои тој ги обожава. На овој начин јасно ќе му дадете до знаење дека мислите на него, дури и додека ги завршувате секојдневните обврски.
Завршете некоја од неговите помали обврски
Со оглед на тоа што постојано живееме во брзање, понекогаш навистина ни недостасува време за завршувањето дури и на оние најмалите обврски во домот. Токму затоа и на вашиот партнер многу ќе му значи доколку вие го земете неговото одело од хемиско чистење или му направите друга слична услуга.
Пишете му порака
Веселата и позитивна порака има моќ да разведри сечиј ден. Изразете ја вашата љубов кон него со неколку зборови и кажете му колку сте среќни што го имате крај себе. Но, имајте на ум дека нема да му се допаѓа доколку го правите тоа за да проверувате каде е и со кого.
Изненадете го со непланиран секс
Зарем треба да објаснуваме нешто повеќе?