Категории

Како да се шминкате во зависност од хороскопскиот знак

Ако спаѓате во групата на луѓе кои редовно си го читаат хороскопот, тогаш значи верувате дека ѕвездите под кои сте се родиле ги одредуваат карактеристиките на вашиот знак.

Во овој текст ви откриваме кои бои и која шминка треба да ја носите во зависност од вашиот знак во хороскопот.

ОВЕН

ovenЗа овните е најсоодветна црвената боја. Оваа боја е симбол на страст, сила и храброст. Ако одлучите да се разубавите со оваа боја, астролозите тврдат дека ќе ја зголемите енергијата и виталноста и дека ќе бидете подготвени, способни и поактивни.

Бои: темно црвена, златна, бела, килибар, црна, кафена и портокалова.

Руменило: црвенкасто-бронзено со златни пигменти.

Сенка за очи: блескаво бела и боја на слонова коска.

Кармин: бордо.

Креон: црн.

Боја која би требало да ја избегнувате: бледо розова.

БИК

bikБиковите добро изгледаат во нијанси на зелена. Зелената боја делува регенеративно на духот на биковите. Им носи стабилност и нуди рамнотежа на телото и мислите. Во склад со тоа, зелената нијанса на сенка за очи, би требало да има ефект на опуштање на телото на биковите и да придонесува на благосостојбата и просперитетот.

Боја: виолетова, црна, сина, кафена, зелена и жолта.

Руменило: руменило со сјај ќе допринесе на вашата убавина, женственост и елеганција.

Сенка: шампањ, кајсија боја, виолетова и розева.

Кармин: бледо розов.

Креон: морнарско сина.

Бои кои треба да ги избегнувате: црвената бидејќи дава негативна енергија кај биковите.

БЛИЗНАЦИ

bliznaciБлизнаците ги разубавува жолтата боја. Таа е енергична и стимулативна. Симбол е на светлоста, го подига духот, а доколку аглите на своите очни капаци ги украсите со жолта боја ќе го зголемите капацитетот на помнењето и комуникациските вештини.

Боја: светло жолта, зелена, бледо сина и бела.

Руменило: жолтеникава боја како зајдисонце и златна.

Сенка: металик маслинесто зелена за да ја истакне вашата духовитост.

Кармин: беж боја или темно портокалов за заведување.

Креон: сив и кафен.

Бои кои треба да ги избегнувате: сите нијанси на црвено!

РАК

rakРаковите се пронаоѓаат во розевите нијанси. За розовата боја обично се вели дека носи љубовна инспирација, а се препорачува во периоди кога ви престојуваат промени. Исто така, оваа боја ќе ви помогне ако ви треба емоционално закрепнување. Со розова боја на вашите очни капаци ќе бидете отворена за најразлични искуства.

Боја: сребрена, индиго сина, металик, тиркизна, бела, црна, сива, сина.

Руменило: боја на розе вино.

Сенка за очи: металик сива, светло сива и бела бидејќи ја откриваат вашата мистериозна страна.

Кармин: браон боја.

Креон: црн.

Бои кои треба да ги избегнувате: црвената затоа што може да доведе до несклад со вашата енергија.

ЛАВ

lavНа лавовите најдобро им прилега портокалова. Како што и самиот хороскопски знак наговестува, портокаловата боја е симбол на моќ и влијание. Носење на ваква сенка дава чувство на среќа и оптимизам.

Боја: портокалова, килибар, сина, бакарна, златна, црвена и бела.

Руменило: бакарно со златно светликави честички за да се нагласи кралската личност.

Сенка за очи: златна и бакарна.

Кармин: портокалов за да ја покажете својата моќна енергија.

Креон: црн.

Бои кои треба да ги избегнувате: сите платинасти нијанси.

ДЕВИЦА

devicaЗа девиците е темно сината. Таа е олицетворение на убавината, чистотата и мудроста. Ги намалува тензиите, а ја шири смиреноста. Носење на ваква сенка го отвора умот и поттикнува трпение и елоквенција.

Боја: сива, кафена, зелена, лаванда, темно сина, бела и жолта.

Руменило: нежно кафено со примеси на лаванда.

Сенка за очи: темно кафена.

Кармин: бронзено кафен ќе направи вашата насмевка да изгледа поубаво.

Креон: сив.

Бои кои треба да ги избегнувате: се што е црвено!

1 2 3

Прегледи:
1100
Објавено на:
09.03.2016