Bike Washing (BiWa) е машина е статичен велосипед, дело на студенти од еден кинески универзитет. Со вртење на педалите на велосипедот се генерира струја која се чува во батерија која се наоѓа во склоп на велосипедот – пишува digitaltrends.com.
Оваа машина која изгледа како обичен статичен велосипед е всушност домашна направа за вежбање но и машина за перење алишта, која функционира додека човекот управува со велосипедот.
Кога го возите овој велосипед, силата на педалата ја ротираат главата на машината се перење алишта, а во истовреме вишокот на енергија се чува во батеријата може да се користи за вклучување на дигиталниот дисплеј или пак да се зачува за идна намена.