Категории

Ристе е сериозен кандидат за победа вo „Ѕвездите на Гранд“

Ристе Ристески, шармантниот охриѓанец повторно ја воодушеви публиката со својата фантастична изведба на хитовите „Тако лако“ од Џенан Лончаревиќ и „Опет сам ти у кафани“ од Харис Џиновиќ и заслужено со 6 гласа се пласираше во третиот круг од најгледаното музичко телевизиско шоу во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.

20-годишниот талентиран пејач Ристе Ристески од Охрид оваа година за прв пат е дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а веќе добива силна поддршка од сопственикот на најголемата српска продукција „Гранд“ кој во текот на емисија искрено проговори дека е изненаден од потенцијалот на нашиот Ристе.
– Ристе многу ме изненади, тој е сериозен кандидат за победа во оваа сезона и идна голема ѕвезда на нашата продукција, прокоментира Саша Поповиќ.
Но и членовите на жирито не ги штедеа зборови за да го пофалат нашиот Ристе. Претседателот на жири комисијата, Шабан Шаулиќ откри дека почувствувал сила и моќ во гласот на Ристески, додека Марија Шерифовиќ прокоментира дека имала целосна доверба во Ристе при изведбата поради професионалниот однос на сцената.
За разлика од другите, Карлеуша беше детална околу коментирањето и како пророчица му ја откри иднината на шармантниот охриѓанец.
– Јас се одличув да гласам за Ристе Ристески. Ти момче имаш име кое судбината му предодредила да биде ѕвезда. Тебе на чело ти стои ѕвезда. Ти си расен, озбилен и талентиран млад пејач, верувајте ми на збор, јас кога ќе предвидам нешто тоа навистина се случува. Јас сум сигурна дека Македонија и целиот Балкан доби некој кој со преубав глас и прекрасно лице ќе биде нова голема ѕвезда за која целиот свет ќе зборува, искоментира Јелена Карлеуша за охриѓанецот Ристе Ристески.
[youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=681WdrzHXbE” width=”500″ height=”300″]
Прегледи:
375
Ознаки:
· ·
Објавено на:
10.03.2016