Категории

Ова се најскапите и најевтините градови во светот

Според анкетата на истражувачката агенција “Economist Intelligence Unit” (EUI) најскап град во светот е Сингапур. И тоа трета година по ред овој град го добива почесното место за најскап град во светот, додека зад него следуваат Цирих, Хонгконг, Женева и Париз.

Лондон и Њујорк ги завзедоа 6-та и 7-та позиции на листата, а следуваат Копенхаген, Сеул и Лос Анџелес, пренесува “BBC”.

Најевтин град во светот е Лусака, а во друштво на престолнината на Замбија се и Бангалор и Мумбаи во Индија, според резултатите од анкетата.

Истражувањето опфати 133 градови ширум светот, при што како референца за подредување е земен Њујорк, додека споредувањето на трошоците е спроведено кај 160 услуги и производи, вклучувајќи и храна, облека и трошоци за живот.

Иако Сингапур е рангиран како најскап, трошоците за живот во тој град сега за сега се за 10% пониски од Њујорк, во однос на ситуацијата пред година дена.

singapur

Истражувачите соопштија дека дошло до големи промени во рангирањето, бидејќи градовите се соочени со низа економски фактори, од силниот долар и девалвација на валутата, па се до цените на нафтата и суровините, како и геополитичката неизвесност.

“Не се сеќавам дека за 17 години работа на ова истражување некоја година била толку колеблива како минатата. Падот на цените на суровините создаде дефлаторни притисоци во одредени држави, додека слабеењето на валутата во други држави доведе до инфлаторни спирали”, изјави креаторот на ова истражување, Џон Копстејк.

Од градовите во еврозоната, Париз е единствениот кој оваа година се задржа меѓу десетте најскапи градови во светот, но падна за три места, на петтата позиција.

Прегледи:
406
Објавено на:
10.03.2016