Категории

Модерна викендица во австралиската прашума

Австралиското студио „Ем-3 Архитект“ во близина на местото Дентри во прашумите на сојузната држава Квинсленд, ја изгради вилата „Кејп Трибулејшн“, која е иделано место за одмор надвор од градската врева.

2

Екстериерот на куќата, која со дрвени патеки е поврзана со главниот пат и со блиската плажа, го сочинуваат црни пластични тули и затемнети стакла, кои објектот го камуфлираат во околната дождовна шума.

3

Куќата има неконвенционална веранда интегрирана во градбата со форма на латинската буква „С“ („S“), која воедно ја има улогата на долга тераса.

4

Ентериерот на вилата. чиј под е прекриен со шперплоча, а таван е обоен во сино, е во целосна спротивност со нејзината надворешност.

5

На покривот на викендицата се поставени соларни панели, што ја прави целата градба енергетски ефикасна и целосно самоодржлива.

Прегледи:
538
Објавено на:
12.03.2016