Според едно неодамнешно, малку контроверзно истражување, луѓето што се родени во знакот Водолија, или помеѓу месеците декември и март, имаат најголеми шанси да бидат успешни во текот на образованието, па дури и да станат познати.
Па што го прави овој воден знак толку посебен?
Лидерот на истражувањето д-р Марк Хамилтон од Универзитетот во Конектикат, вели дека најверојатно причината за ова е тоа што Водолиите се самоуверени.
За ова истражување биле собрани податоци од 300 познати личности, политичари, научници, атлетичари, јавни работници, артисти и луѓе што се занимаваат со литература. Открил дека Водолијата е знак што најчесто се поврзува со успешните познати личности.
Друг фактор, кој можеби влијае, е тоа што луѓето што се родени во овој знак обично тргнуваат постари на училиште.
„Високите достигнувања во областа на менталните и физичките задачи за време на детскиот развој ја поттикнува амбицијата“, објаснува д-р Марк Хамилтон. „Акумулирани во тек на 12 години образование, овие долготрајни успеси може да резултираат со чувство за личен триумф.“