Кендал Џенер е моментално една од најактуелните модели во светот, но успехот не се должи на нејзиното семејство вели таа бидејќи дава се од себе да успее да стигне на сите ревии и модни случувања кои знаат да бидат многу напорни и исцрпувачки. Иако има 20 години таа работи прилично напорно и се случува во ден да смени локации на два континенти, изјави Кендал за еден магазин. Младата манекенка е заштитно лице на Estee Lauder која важи за компанија со исклучиво истенчен вкус и високи критериуми кога се работи за промоција на нивните производи за убавина. Не е ни чудно што тие ја избраа Кендал да ги рекламира нивните производи, таа плени со својот природен изглед и суптилна убавина без многу шминка. Еве што таа откри кога е во прашање нејзината рутина за одржување на својот изглед.
„Кога патувам никогаш немам пудра на лицето, тоа е правило број еден во мојата нега. Секогаш ставам moisturize крем кој ја навлажнува кожата и му ја дава потребната нега. Помалку е повеќе, секогаш се држам за тоа правило.“
„Ноќната нега е најлесна но и најважна. Го мијам лицето со млака вода, ставам крем и пијам многу течности, претпочитам чаеви и исто така легнувам порано за да можам добро да се наспијам. Сонот е најважен за убава кожа.“
„Мојата ноќна нега на лице се состои од прво миење на лицето со млака вода. Скоросекојдневно сум на снимања кои знаат да траат со часови и морам да носам еден тон шминка на лицето а исто така таа мора да биде променета во зависност од побарувањата на фотограферите. Затоа еднаш неделно ја користам маската на Estee Louder Advanced Night Repair Concentrated Recovery PowerFoil Mask која помага мојата кожа да е супер хидрирана и блескава. Можете да користите било каква маска се додека таа одговара на вашиот тип на кожа и им го дава потребниот третман.“