Лурдес Леон – 19 годишната ќерка на Мадона и Карлос Леон растеше далеку од очите на јавноста изјавувајќи дека не сака да живее во центарот на вниманието на нејзините славни родители. Но изгледа светлото на славата не можеше да ја одмине, неодамна таа дебитира во својата прва капања како заштитно лице на новиот парфем на дизајнерката Стела Мекартни наречен „Pop“. Лурдес е млада девојка со слободен и артистички дух, таа ми беше огромна инспирација за новиот парфем кој го создадов вели креаторката, ми се допаѓа што и порај славата на нејзината мајка таа сепак остана приземјена чекорејќи цврсто на земја. Лурдес е студент на универзитетот во Мичиген, таа изјави дека не сака да биде премногу експонирана во јавноста бидјеќи не и се допаѓаат критиките кои ги добива но секако гледа позитивно на ваквите соработки, се’ додека сето тоа што го прави е само забавно и не го навредува нејзиниот приватен живот и интима.