Категории

10 совети за лесно слабеење

Откријте како да ослабете без многу одрекувања и вашето тело да го доведете во совршена форма без преголеми напори. Секако, никој не вели дека ова е најдобриот или најефикасниот начин, но во секој случај вреди да се проба.

1. Селфи фотографии

Фотографирањето на вашето тело еднаш неделно може да ви помогне во намалувањето на мастите за 2,6 проценти, открива едно истражување спроведено во Шпанија. Авторите откриле дека гледањето во својата половина од недела во недела ви помага во подигнување на свеста за здрав начин на живот и вежбање.

2. Кардио интервали

Не мора да тренирате повеќе, туку попаметно. Луѓето кои правеле интензивни тренинзи во период од 8 месеци отстраниле 3 сантиметри од масните наслаги повеќе отколку луѓето кои за време на истиот период трчале на трака. Истражувањата покажале дека интервалните тренинзи го тераат телото да троши дополнителни калории подолг период по напуштањето на теретаната.

3. Ужина, па шопинг

Пред да одите во шопинг изедете едно јаболко. Истражувањето на Универзитетот Корнел открило дека луѓето кои јадат овошје пред да одат на шопинг, купуваат 28 проценти помалку намирници и во голем процент избегнуваат брза храна. Исто така, консумацијата на здрави ужини пред шопинг, потсвесно влијае на тоа какви намирници ќе купуваме.

4. Играјте видео игри

Играњето видео игри ја намалува желбата за храна. Луѓето кои играат видео игри ја намалуваат желбата за храна за дури 20 проценти. Играњето друштвени игри ја подобрува когнитивната концентрација која го одвлекува вниманието од храната.

5. Следете го својот напредок

Редовното мерење може да ви помогне во намалувањето на килограмите. Луѓето со прекумерна тежина кои се мерат редовно може да изгубат и до 5,7 килограми годишно, за разлика од оние кои воопшто не се мерат.

1 2

Прегледи:
898
Објавено на:
19.03.2016