Категории

¼ финале ЛШ : Барселона – Атлетико, ПСЖ – Сити

Вчера  во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени четврфиналните двојки во најсилното фудбалско натпреварување на Стариот континент Лигата на шампионите.

Бранителот на трофејот Барселона за место во полуфиналето ќе игра против големиот шпански ривал Атлетико Мадрид, супер интересно ќе биде и во четврфиналната пресметка меѓу ПСЖ и Манчестер Сити.

Среќа на денешната ждрепка имаа фаворитите Баерн Минхен и Реал Мадрид. Германскиот шампион Баерн Минхен во четвртфиналето за противник ја доби Бенфика, а на кралевите од Мадрид им престои четврфинален двомеч против Волсфбург.

Волфсбург­- Реал М.

Баерн М.- ­ Бенфика

Барселона- ­ Атлетико М.

ПСЖ -­ Манчестер Сити.

Натпреварите од четврфиналето во Лигата на шампионите се играат на 5 и 6 односно на 12 и 13 април. Големото финале во шампионската лига се игра на 28 мај на Сан Сиро во Милано.

Прегледи:
397
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
19.03.2016