Категории

Направете го овој тест и проверете дали навистина сте среќни!

Психолозите Мајкл Аргајл и Питер Хилс од универзитетот во Оксфорд составиле прашалник за откривање на нивото на среќа. Откако ќе го исполните прашалникот ќе добиете увид во своето моментално ниво на среќа.

Да го направите тестот треба да означите колку се согласувате или не се согласувате со секоја од изјавите според следните мерки:
 
1 – Воопшто не се согласувам.
2 – Средно не се согласувам.
3 – Малку не се согласувам.
4 – Малку се согласувам.
5 – Многу се согласувам.
 
Внимателно прочитајте ги изјавите, но не размислувајте предолго на секое од нив. Нема „точен“ или „погрешен“ одговор. Вистинскиот одговор е оној кој прв ќе Ви дојде на ум.
 
1. Не се чувствувам посебно задоволен/на со начинот на моето постоење. (р)
 
2. Интензивно се интересирам за останатите луѓе.
 
3. Мислам дека животот е многу праведен.
 
4. Имам многу позитивни чувства речиси кон сите.
 
5. Ретко се будам одморен/на. (р)
 
6. Не сум претерано оптимистичен/на во однос на иднината. (р)
 
7. Повеќето работи во мојот живот се забавни.
 
8. Секогаш сум подготвен/а да преземам обврска и да бидам активен/на.
 
9. Животот е убав.
 
10. Не мислам дека светот е добро место. (р)
 
 

1 2 3 4

Прегледи:
1559
Објавено на:
22.03.2016