„Тик так“ е насловот на новата песна на Слаткаристика, во соработка со популарниот артист и автор од соседна Бугарија, Криско, кој првпат соработува со некој македонски музичар.
Текстот на песната е на Слаткаристика, а за звукот, музиката и аранжманот на „Тик так“ се погрижи Иван Јованов, во студиото „Јованови“.
За песната е снимен и видеозапис во продукција на „Иноватива груп“, кој е во реализација на продукцијата „Флукс“. Спотот ја раскажува прикaзната преку повеќе интересни ликови што се појавуваат во видеозаписот, а Слаткаристика за потребите на ова снимање го смени изгледот и во неколку кадри се појавува како Евреин.
Во продолжение погледнете го спотот …