Категории

Гонзалес: Најважен натпревар за нас, може да кажам финале!

Македонскиот ракометен првак Вардар по оние 30-30, минатата седмица во Плок, во сабота со почеток од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе брка победа за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Шпанскиот тренер на клупата на „црвено-црните“, Раул Гонзалез во пресрет на дуелот изјави дека овој натпревар е од клучно значење и најави дека ќе биде многу тешко да се игра, иако сите мислат спротивно, дека задачата до следната фаза ќе биде лесна.

„Првото полувреме заврши нерешено, а второто сега е во сабота. Таму резултатот беше тесен, ние имавме четири позитива, но ја испуштивме победата. Сега на ред е дуелот пред домашната публика, имаме добра шанса, нерешено во Полска е добар резултат, но сега треба да го искористиме тоа. Мора да ја поправиме играта во одбраната бидејќи 30 примени гола се многу.

Треба да знаеме дека ќе биде тешко, сите мислат многу лесно ќе поминеме, но нема да биде така. Висла Плок има добар тим, добра игра, со одлични играчи, впрочем тие играат подобро на гости, видовте како беше со Веспрем и Кил. Треба мечот да го дочекаме спремни, ова за нас е финале, најважниот натпревар сезонава, има голем притисок на нас“, изјави Гонзалез.

Предводникот од клупата на Вардар исто така кажа дека Горбок и да е подготвен за игра, не е сигурен дали ќе му даде шанса бидејќи тие припремата за мечот ја базираат без него.

Прегледи:
530
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
24.03.2016