Категории

Мали нешта со кои луѓето ви покажуваат дека ве сакаат

Многумина сметаат дека велењето „те сакам“ е најмоќниот и најсилниот начин за покажување  на љубовта. Но, не треба да биде така. Постојат милион мали начини на коишто другите луѓе ни ја изразуваат својата љубов, а ние понекогаш не ги забележуваме бидејќи очекуваме поголеми гестови.

Тој ја отвора вратата за жената која ја сака, бидејќи во неговиот свет џентлменството не е изумрено.

Тие ве  прегрнуваат долго, ве галат по косата, ја допираат вашата рака и ви се насмевнуваат без некоја посебна причина.

Ви се јавуваат во средината на денот за да прашаат како сте.

Кога ве викаат на гости го купуваат вашиот омилен пијалок или храна, бидејќи го запаметиле тоа.

Ве потсетуваат да земете чадор кога треба да врне.

Можеби не им е до излегување таа вечер, но ќе го направат тоа за вас.

Тие се фини и пријатни кон вашите пријатели, иако можеби не им се допаѓаат премногу.

Кога ќе заспиете на креветот, тие ќе ве покријат.

Ви испраќаат пораки за „добро утро“ и „добра ноќ“.

Ќе го толерираат вашето доцнење (до одреден степен) J

Им кажуваат на своите работи за забавните работи кои ги правите заедно.

Ви испраќаат и постираат работи за сериите и филмовите и сите нешта кои ги сакате.

Кога сте настинати, ќе се грижат за вас и милион пати ќе ве прашаат како сте.

Го паметат вашиот роденден и сите важни датуми.

Ќе направат планови за заеднички викенд.

Ќе ве изненадат со карти за вашиот омилен бенд.

Ќе се обидат да ве расположат секогаш кога сте иритирани и нервозни.

Се грижат за вас како да сте најважната личност на светот.

Прегледи:
440
Ознаки:
· ·
Објавено на:
27.03.2016