Овен
Тешко ги заборава траумите од детството и понижувањата кои ги доживеал од оние кои му значеле и на кои слепо им верувал. Никогаш нема да им прости на луѓето од кои побарал помош, а тие го оставиле да се бори сам. Иако Овенот рано се осамостојува и се бори за своето место под сонцето, таквите рани тешко заздравуваат.
Бик
Дури и кога искрено би сакал, не може да ги заборави дрскоста и безобразниот став на колегите кои немале разбирање тогаш кога најмногу го заслужил. Затоа што љубовта им е подеднакво важна како и кариерата, Биковите тешко се помируваат и дека некоја романса не може да опстане поради далечината. Личноста со која ќе го доживее ова, вечно ќе ја памети.
Близнаци
Еден од најинтелигентните знаци во Зодијакот секогаш делува како никој да не може да го допре, но сепак, имаат своја слаба точка – креативноста. Ако не ја реализираат онака како што се надевале, никогаш нема да си простат сами на себе или да заборават. На другите може да им простат сè, но преку можностите кои ги пропуштиле, не можат да преминат.
Рак
Романтичните Ракови имаат по најмалку еден момент, ако не и повеќе, кога биле занесени, млади и заљубени, па потоа реалноста ги удрила по глава. Првото љубовно разочарување ги следи низ животот, а секој ден е се потешко, наместо да е обратно. Раковите посебно ги интересира зошто морало да биде баш така, а не како што тие си замислувале, па затоа овие анализи и враќање на времето им се болна, незаборавна точка.