Колку и да се трудиме, понекогаш салото на стомакот е поупорно од нас.
Денес, ви ги претставуваме неколкуте причини поради кои салото на стомакот се таложи.
1. Редовно пиете газирани пијалаци
Само една до две чаши газиран пијало на ден е доволно да се таложи салото во пределот на струкот. Плус големата количина на шеќер во газираните пијалаци предизвикува желба за храна, па јадете повеќе отколку што е потребно.
2. Јадете од преголем тањир
Кога јадете од голем тањир тогаш јадете повеќе од што ви е потребно, затоа јадете од мали тањири, па ако не се чувствувате сити додадете си уште малку.
3. Јадете доцна навечер
Освен таложењето на масни наслаги на стомакот, јадењето доцна навечер го зголемува ризикот од проблемите со варењето. Затоа јадете помали оброци навечер, и немојте да легнете барем три часа по вечерата. Ако сте гладни земете некое парче овошје.
4. Јадете кога сте тажни, бесни или вознемирени
Следниот пат кога ќе сакате да се смирите со храна, сетете се дека не сте гладни и најдете друг начин да ги канализирате овие чувства.
1 2