Живееме во општество во кое критериумите за избор на совршениот партнер може да се разликуваат многу. Нашиот свет се води од конзумеризам кој често не спречува да ги согледаме работите кои се навистина важни. Додека некои бараат подобра половина со добар карактер, други може да бараат партнер според економски фактори. Но, што е дефиницијата за љубов?
Приказната која што ќе ја прочитате циркулира по интернет неколку години наназад. Во неа, сиромашно момче се вљубува во ќерка на богат бизнисмен. За несреќа, таа го одбива поради неговите ниски приходи. Години потоа, двајцата се сретнуваат повторно. Суштината на приказната инспирира и не потсетува сите на работите кои навистина се битни.
„Сиромашно момче се вљубило во ќерка на богат бизнисмен. Понесено од љубовта кон девојката, момчето и предложило брак. Богатата девојка остро го одбила и му рекла: „Твојата месечна плата е колку моите дневни трошоци. Како очекуваш да се омажам за некој како тебе? Никогаш не би можела да те сакам, заборави ме. Оди најди си некоја соодветна на тебе”.
Иако било сурово одбиено, момчето не можело лесно да ја заборави.
Околу 10 години подоцна, случајно се сретнале во трговски центар.
Таа веднаш го препознала и го поздравила: „Како си? Јас сум мажена сега, а платата на мојот сопруг е 15.700 долари месечно. Можеш ли да го победиш тоа. Тој е и многу паметен”.
Мажот, слушајќи ги овие болни зборови од жената на неговите соништа, одвај се воздржал да не пушти солзи и не рекол ништо.
1 2