Категории

За мажи: Каква брада најдобро ви прилега?

Брадата несомнено е апсолутен тренд кога е машкиот изглед во прашање. Токму затоа, во продолжение ви пренесуваме, каква брада најдобро ви прилега според обликот на лицето:

1.триаголник 2. округло 3.долгнавесто

1.триаголник 2. округло 3.долгнавесто

Триаголник

-Тоа значи дека имате широко чело и вилица, а тесна брада. За да создадете баланс, долната половина мора да биде пополнета. Сепак, избегнувајте премногу „полност“ странично, бидејќи така ќе создадете впечаток на уште поширока вилица. Целта е сепак, да се сврти погледот од шилестата брада.

Округло лице

-Уредно средена брада што визуелно ќе го намали лицето е вистинскиот избор за мажите со округло лице. Изразени линии кај јаболчниците и малку квадратна форма околу вратот ќе придонесат за визуелно подобра форма на лицето.

Долгнавесто

-Најдобриот начин да го направите лицето пократко е да се држите до уредно потстрижена брада или онаа од „два дена“. Како и кај оние со триаголнесто лице, ваквиот начин на носење брада помага да ја „сокриете“ тесната вилица.

1.правоаголно 2.неизразена брада 3.квадратно

1.правоаголно 2.неизразена брада 3.квадратно

Правоаголно

-Одржувајте ја брадата куса и уредна, веќе имате строги и дефинирани линии, нема потреба уште повеќе да ги нагласувате.

Неизразена брада

-Тоа не мора да е проблем, ако можете да пуштите брада. Негувајте долга и густа, не мора да е перфектно средена, за визуелно да создадете впечаток дека имате изразена вилица и брада.

Квадратно

-Куса брада со широки линии или „неуредната“, ќе помогнат при истакнувањето на квадратната вилица.

1.овално 2.мало 3.широко

1.овално 2.мало 3.широко

Овално лице

-На овој облик на лице му прилегаат речиси сите стилови брада, така што вие што имате овално лице може да експериментирате повеќе, додека не го најдете оној што најмногу ви се допаѓа.

Мало лице

-Заборавете на брада. Било каква брада да пуштите и негувате, ќе го направи лицето уште помало. Наместо тоа, потрудете се секогаш добро да сте избричени.

Широко лице

-Густите бради се идеални за оние што имаат широко лице, но густи и уредно потстрижени, бидејќи така ќе го направите визуелно помало. Доколку се одлучите само да ја пуштите, нема ништо да постигнете, освен што ќе видите колку може да ви порасне.

Прегледи:
503
Објавено на:
30.03.2016