Фотографиите од теретана знаат да нервираат, особено доколку почетната страна на вашиот Фејсбук или Инстаграм го преплават фотографии од пријателите во теретана.
Сепак, едно ново истражување покажува дека селфи фотките од теретана знаат да бидат од помош за побрзо постигнување на резултати.
Истражувачите од Универзитетот Аликанте во Калифорнија набљудувале група од 271 учесници во нивниот процес на губење на килограми.
Програмата траела 16 недели, а подразбирала вежбање и режим на исхрана, како и постојано мерење на индексот на телесна маса и водењето на дневник, за да може да се види секојдневниот напредок.
Водичите на студијата ги поделиле учесниците во две групи, а едната од нив била фотографирана после секоја недела.
Резултатите од студијата покажале дека учесниците кои биле фотографирани останале доследни на програмата за исхрана и вежбање, па поради тоа повеќе ослабеле, бидејќи можеле да видат директно влијание на нивниот труд околу изгледот на своето тело.
Според тоа, фотографирањето за време на вежбањето е одлична визуелна мотивација која ја поставуваме пред себе, бидејќи не тера постојано да бидеме подготвени и се повеќе да се трудиме на нашиот пат кон посакуваниот успех.