За денес избравме две комбинации кои задолжително мораат да бидат дел од вашиот стил доколку работите во канцеларија. Свеж и софистициран пролетен изглед.
Едноставна црна ташна во стил на актовка и црни класични потпетици кои ќе ви ја издолжат фигурата.
Комбинирајте ги со комплет одело, панталони над глужд.
Класична црно бела варијанта од широки црни панталони и бела кошула, целокупниот изглед надополнете го со часовник во златна боја.