Категории

Љубовен хороскоп за месец април – проверете што ве очекува

Љубовен хороскоп за месец април – проверете што ве очекува

Овен

Ако веќе подолго време сте сами, во текот на април нема да имате потреба да се грижите за вашиот љубовен статус. Ова ќе биде време кога нема да знаете што да правите со бројните можности кои вас буквално ви доаѓаат пред нозе. Личност во знакот Лав би била одлична комбинација за авантура, а подоцна можеби и за сериозна врска. Препуштете се на емоциите, но не ја занемарувајте вашата  интуиција. На крајот на април припадниците кои се во врска ќе имаат помалку искушенија, а проблемите во врската ќе можат да ги пребродат само ако вложат повеќе напор и го уверат партнерот во својата посветеност.

Бик

Април е ваш месец, бидејќи токму тогаш ќе можете да им покажете на поранешните љубовници дека вам одлично ви оди без нив. Ова ќе биде месец кога вашата силна личност, став и неодолив шарм ќе дојдат во прв план и едноставно ќе бидете во центарот на вниманието. Марс ќе ви даде сила, па конечно ќе успеете да го направите првиот чекот. Ако веќе подолго време сте сами, на еден Овен можете слободно да му кажете „Да“ без воопшто да размислувате.

Близнаци

Игривите Близнаци секогаш го добиваат тоа што го посакуваат, а на почетокот на пролета опасно посакуваат еден од огнените знаци. Со оглед на тоа што шармот и флертот ви се второ име, треба да ги искористите и да заведете некој Лав или Стрелец. Во втората декада од месецот лошата комуникација во врската може да доведе до расправии, па ѕвездите ги советуваат Близнаците да посветат малку повеќе внимание на нивниот партнер, доколку сакаат врската да продолжи.

Рак

Романтичните Ракови не мораат повеќе да чекаат, бидејќи пролетта и април ќе ги исполнат нивните очекувања кога е љубовта во прашање. Полето на љубовта потполно ви се отвора веќе од средината на април кога ќе запознаете интересна личност на работа или на некое неочекувано место. Сатурн можеби ќе ви врати некој од минатото, но одлуката останува на вас дали да се вратите на стариот љубовен предизвик или дали ќе дадете прилика на некоја потполно нова личност.

1 2 3

Прегледи:
904
Објавено на:
01.04.2016