Категории

Мажите и нивните шест видови љубов

Постојат шест видови на мажи – барем така сметал Аристотел и од тоа зависи како ќе се развие и одвива една врска.

Агапе – жртвена љубов

Овој маж се предава целосно и прави се што е неопходно неговата љубена да се чувствува добро. Му треба подолго време додека ви изрази љубов. Преголемото внимание може да и стане досадно на жената, додека пак тој се повеќе и повеќе се приврзува кон неа.

Лудус – љубовната игра

Основата кај овој тип е сексуалната игра. Овој тип на мажи не се додворуваат. За нив сексот е се. Ако жената е дистанцирана и не му се предаде наполно уште првата ноќ, тој ја остава. Овој тип на мажи имаат неколку врски едновремено. Жената која бара само секс, ќе биде пријатно изненадена.

Ерос – чувствителна љубов

Се базира првично на целосна посветеност  и после тоа на физичка привлечност. Овој тип на мажи се интересираат од животот и проблемите на партнерката. Тие сакаат да разговараат вклучително и за чувствата и емоциите. Ова е идеален партнер.

1 2

Прегледи:
624
Објавено на:
02.04.2016